[Фото] Бетмен и Спајдермен ги посетија децата на Детска клиника

Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот Крст на град Скопје, вчера на Клиниката за детски болести во Скопје, организира показна вежба како атракција за сите хоспитализирани деца и случајно затекнати граѓани.

Членовите на тимот беа маскирани во костими на омилените Супер херои од цртаните филмови, и спуштајќи се по јаже им делеа подароци на децата.

Целта на настанот, велат од Црвен крст, е да им се даде поддршка на овие дечиња за јуначки да ги поминат деновите и предизвиците за време на престојот во Детската Клиника.