На познатата американска бизнис улица „Вол Стрит“ од синоќа е поставена статуа од девојче пред бронзената статуа од бик.
Сатуата на девојчето е начин да се привлече вниманието кон недостатокот од родова еднаквост во корпорациите и разликата во платите меѓу мажите и жените кои работат во финансиските сектори.
Голем дел од Американките денес планираат да останат дома наместо да одат на работа, а дел од училиштата откажаа настава. Организаторите на оваа иницијатива ги замолија жените кои не можат да си дозволат слободен ден да пазарат само во бизниси чии сопственици се жени или да носат црвено.
Скулптурата е идеја на „Стејт стрит“, трета компанија во светот за менаџирање средства. Таа ги повика 3.500 компании во кои инвестира да го зголемат бројот на жени-директори.
Кристен Визбал, која е авторка на „бестрашната девојка”, објасни дека одлучила да ја претстави девојката како се соочува со бикот. Скулптурата е инспирирана од ќерката на нејзин пријател, 9-годишна латино девојка.
„Волт Стрит е традиционално машка средина и вели: Еј, ние сме тука“, изјави Визбал.
„За мене, тоа вели дека жената може да биде нежна и убава фигура, но силна.”
Компанијата соопшти дека скулптурата на девојката ќе остане најверојатно еден месец.