[Фото] Берлин привремено ги прошири велосипедските патеки на коловозот поради коронавирусот

Градските власти во округот Фридрихшин-Кројцберг во Берлин одлучија привремено да ги прошират велосипедските патеки на постоечките коловозни ленти за време на пандемиската криза предизвикана со појавата на Ковид-19 коронавирусот.

Проектот започнува со два пилот-проекти со кои треба да се утврди до кој степен може да се зголеми капацитетот на урбаните велосипедски објекти на краток рок.

„Примарната цел на мерката е да се овозможи тековно зголемување на употребата на велосипедот, додека одржувањето на безбедносните растојанија е во согласност со регулативата за спречување на Ковид-19. Позитивните аспекти на безбедноста во сообраќајот во патниот сообраќај можат да се комбинираат со поддршка за важечките барања за заштита од инфекција“, велат градските власти.

Лентите ќе бидат означени со жолта фолија, со предупредувачки пластични конуси и со мобилни сообраќајни знаци кои лесно може да се отстранат.

Покрај ова, се препорачува користење на велосипедот, бидејќи на тој начин граѓаните имаат можност за безбедно и здраво да се движат, а притоа и да вежбаат на свеж воздух. Со ова, исто така, се намалува и притисокот врз градскиот јавен превоз и полесно се вклопува во мерките за држење физичко растојание.

Претходно, сличен потег направија и властите во Богота и Мексико.