[Фото] Бактерии на отпечаток од рака на осумгодишно дете

Сите знаеме дека нашите тела се дом за неброени милиони бактерии и други микроорганизми, но ова сознание е сосема различно кога можеме да ги видиме бактериите со нашите очи.

Овој отпечаток на детска рака во лабораториски сад е дело на Tasha Sturm од колеџот Кабрило и тој сликовито прикажува какви и колку бактерии има на раката на нејзиниот осумгодишен син, откако тој си играл надвор од неговиот дом. Отпечатокот покажува како изгледаат колониите микроорганизми на рацете не секој од нас, откако на неколку видови бактерии и габички ќе им се дозволи неколкудневен раст.

[Фото] Бактерии на отпечаток од рака на осумгодишно дете

Сепак, треба да се каже дека речиси сите микроорганизми забележани овде се безопасни, а во многу случаи и корисни за имунолошкиот систем на човекот, но, како и да е, отпечатокот е и потсетување за важноста на миењето на рацете.

Техничарката во лабораторијата на колеџот Кабрило, Tasha Sturm во коментарите на оваа веб-страница детално објаснува како го направила отпечатокот.