[Фото] Бабичка го украси градот во кој живее со своите плетива

104-годишната Grace Brett е веројатно најстариот уличен уметник во светот. Нејзините плетива го преплавија градот во кој живее, со помош на Souter Stormers, анонимна група уметници кои неодамна поставија плетива на 46 знаменитости во „Scotish Borders“, еден од шкотските окрузи.

„Мислев дека е одлична идеја да се украси градот и мило ми е што моите плетива се вклучени во тоа. Мило ми е што моите изработки беа споделени со сите и градот изгледаше пријатно“, изјави 104-годишната Brett.

Нејзината ќерка, 74-годишната Daphne објасни дека нејзината мајка цел живот плетела за своите најблиски.

„Souter Stormers“ е спој на повеќе луѓе на различна возраст кои инспирирани од изработките на Grace Brett решија да ги искористат своите креативни и уметнички вештини за да го трансформираат изгледот на градот.