[Фото + аудио] Скопје задушено од згради, урбанистички хаос во метрополата

Многу се гради и многу се заработува на сметка на јавниот простор во главниот град, во зградите ќе нема кој да живее оти не се очекува толкав пораст на население, во урбанистичките планови се импровизира со нагли решенија, отсуствува сериозна стратегија за развој и изградба на Градот, предупредуваат урбанистите.

Скопје се гуши од згради при чија изградба се рушат сите стандарди што пропишуваат минимум услови за хумано живеење. Најважни се инвеститорите, а не јавниот интерес. Речиси нема населба во Скопје во која атрактивните локации не се узурпирани. На многу места се гледа несоодветно растојание меѓу две соседни згради, па балконите се речиси залепени еден до друг, исто како и прозорите на собите. Нема доволно паркинг места, иако регулативата е по повеќе од едно паркинг-место за еден стан. Прашање е дали некој ги погледнува прописите за дневна светлина и за зеленило.

По осамостојувањето од поранешна Југославија, Македонија ги напушти поранешните стандарди и нормативи и воведе свои, но не ги препиша добрите и не ги дополни постојните. Главни виновници за хаосот во Скопје се урбанистичките планови, регулативата што често се менува и деталните урбанистички планови, кои исто така често се менуваат. За архитектите е проблематичен и целиот проект „Скопје 2014“.

Целиот прилог може да го погледнете подолу, како дел од рубриката ФоТон на МКД.мк.