[Фото] „Асфалтирана“ уличка во Чаир

Уличката „Места 48“ се наоѓа во населбата Серово во скопски Чаир која деновиве била „асфалтирана“ по чудни стандарди. Како што јавува „Нова ТВ“ граѓаните се револтирани за начинот на кој функционираат работите во Чаир и велат дека вакви нешта има само во нивната населба.

За овој случај реагираше и граѓанското движење „Сакаме чист Чаир“од каде посочуваат дека сега улицата е во полоша состојба од претходно и штом заврне дожд, водата слободно се излива во домовите.

уличка во Чаир