[Фото] Антитерористичка акција на мачиња на Твитер

Откако синоќа започна голема антитерористичка операција во Брисел, властите ја замолија јавноста да не објавува за потезите на полицијата на интернет. Белгискиот главен град беше затворен откако во саботата започна потрага по осомничениот напаѓач од париските напади Салах Абдеслам.

Под хаштагот #BrusselsLockdown луѓето коментираа за полициската акција, но синоќа хаштагот беше преплавен од фотографии и видеа со мачки, од Твитер корисници кои сакаа да се пошегуваат со властите.

Други пак, одговорија со хумор на ситуацијата во која се најде Белгија изминатата недела, откако властите ја посоветуваа јавноста да остане во своите домови.