[Фото] Амели Ленс го затвори „Егзит“ со посвета за Кит Флинт од „Продиџи“

Со песната „Firestarter“ од Продиџи, посветена на починатиот вокал на групата Кит Флинт, белгиската диџејка Амели Ленс го затвори 19. издание на „Егзит“ во Нови Сад.

Фестивалот кој траеше од 4-7 јули на Петроварадинската тврдина годинава го достигна максимумот во бројката на посетители. Дури 200 000 посетители слушаа и танцуваа на музиката која доаѓаше од 40 сцени. Но, рекорд држи и бројот на собран отпад. Јавното комунално претпријатие соопшти дека за сите 4 дена биле собрани 50 тони отпад.

На последнинот фестивалски ден се слушаа Димитри Вегас, Свемирко, Скепта, Џеф Милс…

Програмата на главната сцена ја одбележа концертот на култните „Д кјур“ („The Cure“). На Денс арената, пак, настапите кои го одбележаа годинешното издание се оние на Карл Кокс, Соломун, „Тејл оф ас“, Масио Плекс…