Инспирирани од Ирена Ристиќ и иницијативата #НеБидиЃубре, Единицата за брзи артивистички акции направија нова герила-акција.
Во соработка со совесни граѓанки/граѓани, активисти на неколку локации поставија табли во жардинери за цвеќе и зеленило со натписи „Ова не се канти за пикавци, туку садови за цвеќе“.
„Местото за ѓубрето е во канта за ѓубре“, велат активистите.