[Фото] Акција на „Гринпис“ во пресрет на самитот Г-7

Активисти на еколошкото здружение „Гринпис“ со ласер денеска го проектираа слоганот „Г-7 – 100 проценти обновливи извори на енергија“ на планините во близина на Гармиш Партенкирхен, во Германија, каде се одржува 41-иот самит на седумте водечки земји.

Водачите на Германија, Велика Британија, Италија, Јапонија, Канада, САД и Франција вчера се сретнаа за да разговараат за глобалната економија, надворешната политика, безбедноста и развојот во замокот Елмау во регионот Баварија. Домаќин на дводневната средба оваа година е германската канцеларка Ангела Меркел.

Во четвртокот, повеќе од 34 илјади луѓе протестираа против челниците на седумте најразвиени земји така што во воздухот пуштија балони со нивните ликови. Граѓаните кои протестираа под мотото „Стоп за Трансатлантскиот трговски договор и инвестивиско партнерство, спасете ја климата – борба против сиромаштија“ се против планираното потпишување на договорот меѓу ЕУ и САД за слободна трговија. Во Гармиш Партенкирхен беше подигнат и протестен камп од луѓето кои се против одржувањето на самитот.