[Фото] Акција на „Арт Тетово“: Младоженците Вирус и Корона ги канат тетовци на свадба

„Да се игра оро како човек, вирусот го снема – тој е прогласен за мртов“ – пишува на покана за свадба која е поставена во центарот на Тетово, од страна на млади активисти од Тетово. На неа се прикажани измислени ликови на младоженците Вирус и Корона, кои покануваат 300 гости.

„Двојките почнаа да склучуваат брачен сојуз без оглед на загриженоста поради коронавирусот. Без почитување на каков било протокол за заштита, во Тетово, на масовни свадбиво своите дворови, двојките почнаа да ја запечатуваат својата љубов“, велат тие.

Целта на оваа акција е да се подигне јавната свест кај граѓаните за почитување на мерките, со цел да се штити колективното здравје во градот.

„Масовните веселби сепак да ги оставиме за некои подобри времиња“, повикуваат активистите.