[Фото] Ајде Македонија: Допрено е дното на еко свеста во земјава

Еколошката асоцијација „Ајде Македонија“ констатира дека е допрено дното на еко-свеста во Македонија, со испраќање на фотографија од Гостивар, во која се гледа како реката Вардар носи големи количини отпад.

„Нешто мора да се смени во нашата свест, вака веќе не оди! Освен Македонија, потребно е да ја исчистиме и нашата свест! Потребно е граѓаните да се приклучат на нашето движење за чиста Македонија.
Да ги исчистиме илузиите дека отпадот ќе исчезне сам“, велат од „Ајде Македонија“.