[Фото] 500 пеликани пронајдени мртви од птичји грип во Мала Преспа

Деновиве во областа Мала Преспа, на брегот на Преспанското Езеро во Албанија, биле пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани, информираа од Македонското еколошко друштво кои додаваат дека причината за угинатите птици е птичјиот грип.

Пеликаните биле забележани при рутински мониторинг од нивната партнерска организациja ПреспаНет.

Од МЕД велат дека за овој случај информирани се сите македонски релевантни институции, а вирусот е потврден и во земјава во одделен случај. Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и во Северна Македонија може да бидат забележани нови случаеви.

Од организацијата апелираат граѓаните да пријават до нив доколку лично забележат слични случаи.