Вести од пекара: Опасен „ѕвер“ на дрво, за кој се утврдило дека е кроасан

Спасителите на животни во Полска биле повикани да излезат на терен поради суштество со опасен изглед на кое со страв му пришле – за да откријат дека мистериозното животно всушност било кроасан.

Една жена во Краков се јавила за да пријави дека животното било два дена на дрвото, како и дека жителите се плашеле да ги отворат своите прозорци затоа што биле загрижени дека тоа ќе влезе во нивните домови, појасниле од градското друштво за заштита на животните.

Од организацијата, која го објави случајот на Фејсбук, изјавиле дека ја прашале жената дали можеби се работи за птица грабливка, но таа опишала дека наликува на игуана.

Полицајците стравувале дека животното е непожелно милениче и може да умре од студ или глад.

Еден од инспекторите појаснил дека се навикнати на напуштање на домашните миленици. Тој опишал и како му се приближиле на суштеството.

„Одеднаш … еве го, фати го! Кафеавото суштество седи на гранката од јоргован… суштеството седи и не се движи – точно како што ни опиша лицето кое го пријави.

„Неговата кафеава кожа сјае на сонцето … Ние погледнуваме повнимателно – кутрото, нема нозе и глава“.

Откривајќи дека предметот е кроасан, претпоставиле дека најверојатно бил фрлен од прозорецот од соседот за да ги нахрани птиците.

„Тешко е да му помогнете на нешто што претходно било испечено, не на сончева светлина“, напиша Адам.

Организацијата соопшти дека јавноста треба да продолжи и да греши поради претпазливост и да известува кога има загриженост за благосостојбата на животните.