[Фото] 1 000 рециклирани компакт дискови претворија фарма во уметничко дело

Уметник во Јужна Африка, кој се претставува со името r1 неодамна ја заврши неговата нова специфична инсталација. Познат по своите мурали во Јоханесбург, овој уметник новото дело реши да го направи во руралната околина на Рандфонтајн. Тој нашол стара, напуштена фарма што ја покрил со илјада рециклирани цд-а, со цел да го создаде „Звукот на светлината“. Ова е еднодневна уметничка инсталација, која го рефрлектира сонцето, создавајќи виножито низ целата градба.

Како и во многу други инсталации, r1 и овде користи рециклиран материјал. Илјада цд-а ги подредил во седум редови, а најголем ефект се добива кога сончевите зраци се прекршуваат за време на зајдисонце.