Форум театар „Приказни од чекалната“ и проекција на кратки видеа

Невладините организации ХЕРА, КХАМ и Сонце го одбележуваат 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, со премиера на форум театарот „Приказни од чекалната“ и проекција на кратки видеа. Настанот е воедно и затворање на проектот „Нови медиуми за нови наративи за Ромите во здравството“, чија основната цел е обезбедување на полесен и поквалитетен пристап до здравствени услуги за пациентите Роми.

Настанот ќе започне во 12 часот во кино „Фросина“, во Младинскиот образовен форум.

По форум театарот и проекциите, следуваат и излагања напроф. д-р Елена Ќосевска (Специјалист по социјална медицина), Љатифа Шиковска (Активистка) и Марија Стефанова (психолог).

На настанот ќе биде поставена кутија за донации, каде ќе можете да се донираат финансиски средства наменети за активностите на Дневен Центар за деца на улица – Шуто Оризари, чии простории до темел изгореа во пожарот кој се случи на 1 март.

Претставите од форум театарот „Приказни од чекалната“ ќе имаат уште две одигрувања:
– 09 април 2017 год. (недела) со почеток од 19:00 часот во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево
– 10 април 2017 год. (понеделник) со почеток од 19:00 часот во НУ Центар за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово

Влезот е бесплатен.