Форум театар „Приказни од чекалната“ и дискусија за Денот на Ромите

Невладините организации ХЕРА, КХАМ и Сонце организираат завршен настан во рамки на проектот „Нови медиуми за нови наративи за Ромите во здравството“ и одбележување на 8 април – Меѓународниот ден на Ромите. Основната цел на проектот, кој е финансиски поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија, е обезбедување на полесен и поквалитетен пристап до здравствени услуги за пациентите Роми.

Имено, настанот од 12 часот ќе вклучува премиера на форум театарот „Приказни од чекалната“. Потоа од 13:30 часот – проекција на кратки видеа кои се изработуваа во текот на проектот, а потоа од 14 часот излагања на проф. д-р Елена Ќосевска (специјалист по социјална медицина), Љатифа Шиковска (активистка) и Марија Стефанова (психолог).

На настанот ќе биде поставена кутија за донации каде ќе можете да се донира финансиски средства наменети за активностите на Дневен центар за деца на улица – Шуто Оризари, чии простории до темел изгореа во пожарот кој се случи на 1 март.

Завршниот настан ќе се одржи на 8 април од 12 часот во Младински Културен Центар – сала „Фросина“. Претставите од форум театарот „Приказни од чекалната“ ќе имаат уште две одигрувања – 9 април (недела) со почеток од 19 часот во НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, и 10 април (понеделник) со почеток од 19 часот во НУ Центар за култура „Иљо Антески Смок“ – Тетово. Влезот е бесплатен.