Седум основни училишта во Скопје од денеска се вклучуваат во проектот „Сообраќајни училишни единици“ во организација на СВР Скопје – Одделението за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Сообраќајните училишни единици ќе функционираат во рамките на општината и ќе ги предупредуваат сите несовесни учесници во сообраќајот кои нема да ги почитуваат сообраќајните правила со цел зголемување на безбедноста на учениците при нивно доаѓањe и заминување од училиште.