„Форми“ – прва самостојна изложба на Андреј Шумковски

Во среда (16 декември), младиот графички дизајнер Андреј Шумковски ќе ја отвори својата прва самостојна изложба, насловена „Форми“.

Изложбата претставува мултимедијален проект кој содржи графики и графички дизајни. Шумковски во својата изложба како инспирација користи повеќе медиуми и различни теми, но воглавно се во рамки на урбаната уметност.

Заинтересираните ќе можат да ја посетат изложбата во културниот простор „Ла Мага“, со почеток од 20 часот.