Формалното образование (не) треба да биде главен носител на меѓуетничка интеграција

Дебатните клубови на средните училишта „Цветан Димов“ и „Јосип Броз – Тито“, дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, организираат јавна дебата на теза “Формалното образование треба да биде главен носител на меѓуетничка интеграција“.

Формалното образование (не) треба да биде главен носител на меѓуетничка интеграција

Јавната дебата ќе се случува на 06 мај (вторник) во салата на Општина Чаир, со почеток во 12 часот.

Тимовите поделени во афирмативен и негациски тим ќе бидат ставени во позиција да размислуваат кој е импактот на етнички поделени училишта во едно мултиетничко општество.

Дали токму интегрираните училишта ќе бидат клучен фактор во процесот на интеграција на различните етнички заедници во општеството и дали се исполнети услови за создавање на ваков систем? Освен дебатерите што ќе имаат можност да дебатираат на оваа тема, на оваа јавна дебати ќе бидат поканети и гости-говорници што ќе имаат свое излагање.

На дебатата ќе биде обезбеден симултан превод на македонски и албански јазик.

Оваа активност е реализирана во соработка со Дебатната програма на Младински образовен форум која цели кон подобрување на културата на дијалог, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.