„Foolish Green“ го подготвуваат новиот албум

„Foolish Green“ го подготвуваат новиот албумПо ЕП-изданието „Sun is Gone”, со кое не почестија лани во јуни и новогодишниот сингл „Laika“, членовите на скопскиот алтернативен состав „Foolish Green“ се подготвуваат за својот прв лонг-плеј албум, наречен „Escape“, кој ќе излезе на почетокот на март за издавачката куќа „Пасворд“. Во биографијата на групата стои дека „Музиката и тимот на „Foolish Green“ израснаa врз основа на интуитивно-спонтано-емпиристичкото внатрешно чувство проследено со акустични инструменти со неколку доверливи аналогни ефекти и еден недоверлив компјутер. „Foolish Green“ е проект зад кој стои Ненад Стефановски, алтернативен музичар од Скопје, познат по својата работа како продуцент на „Green Out“, „Легијата“, „Против сите“…“Додека го очекуваме албумот, еве неколку видеа  од талентираниот и оригинален бенд.

„Foolish Green“ го подготвуваат новиот албум

Користени материјали од: On.net.mk