Foolish Green е првиот македонски бенд со издание на етикетата EXIT

„Escape“, деби албумот на Foolish Green, доби и свое електронско издание за “EXIT label”, што воедно претставува и првото македонско издание за онлајн етикетата на славниот Exit фестивал. „Exit label“ стекна високо реноме во регионот како онлајн етикета намената за претставување на најинтересните музичари во регионов чии изданија се претставувани на Exitmusic.rs, и чија музика преку овие изданија ќе може бесплатно да се симнува. Досега “Exit label” ги претстави албумите на бројни музички имиња во регионот, чии изданија се преземени преку 50 илjaди пати, а сега кон оваа листа се приклучува и Foolish Green со едно од ретките психоделик поп / рок’н’рол изданија на нашите простори, достапно за бесплатно преземање на овој линк.

„Foolish Green“ го подготвуваат новиот албумАлбумот „Escape“ во hard copy верзија беше објавен под етикетата на Password Production на 1 март годинава, по што групата одржа и две концерти промоции во арт-киното „Фросина“ во Скопје, кои беа целосно распродадени. Нивното прво лонг-плеј остварување со самото појавување ги собира одличните оценки на рецензиите и од музичките медиуми во регионот, кои за Foolish Green рекоа: „Она што се Palma Violets на почетокот од годината на странската сцена, тоа со сигурност би можеле да бидат Foolish Green на регионалната сцена (…). Да доаѓаат од Британија, сигурно би биле ‘најдобриот бенд на светот“. (muzika.hr)

Со „Escape“ бендот претставува 12 свои композиции кои се снимени во домашно студио, со мастеринг на Дарко Спасовски – Пацки, додека зад музиката се потпишува Ненад Стефановски – Брус, а концептот за обвивката на албумот и дизајнот се на Мики Стефановски. Наскоро ќе имаме можност и да уживаме во ова одлично издание во живо, за време на настапот на Foolish Green во рамките на Aqua Park Fest, кој ќе се одржи на 24 и 25 мај во Пробиштип.