Foo Fighters настапија во Чезена по поканата од илјада музичари

Foo Fighters одржаа концерт синоќа во Чезена, Италија откако илјада музичари и обожаватели на бендот ги поканија со изведба на нивната песна „Learn To Fly“.

Видеото во тапанари, пејачи и гитаристи ја пеат песната на групата се споделуваше низ целиот свет и беше дел од кампањата да се повика Dave Grohl и останатите членови на бендот да дојдат и да настапат во италијанскиот град.

По поканата, фронтменот се огласи со свое видео во кое го пофали трудот и вети дека со бендот наскоро ќе настапат. Синоќа, Foo Fighters настапија со 27 песни на аеродромот во Чезена, бидејќи градот нема доволно капацитет да ги собери сите обожаватели во сала. Бендот ги повика на бина организаторите на видеото и им се заблагодари за поканата.

„Гледајќи ве како ја пеете нашата песна за целиот свет, за мене е најубавиот момент во целиот мој живот. Се разбира дека не можевме да кажеме не, моравме да дојдеме“, им се обрати Grohl на присутните.

Видео од настапот со кој го поканија бендот, а чии подготовки траеле цела година.