Фондацијата Mакедоника стартува онлајн библиотека за македонски класици и нови автори

Фондација Mакедоника стартува онлајн библиотека за македонските класици и нови авториКниготека ја стартува својата 0нлајн-библиотека која треба да го промовира македонското културно наследство и современото литературно творештво кон македонската и светската публика.

Проектот е дело на  Фондацијата Македоника , објавените е-книги ќе бидат бесплатни со неограничен пристап за да може да се поттикне „нацијата да чита“. Покрај класиците, ќе бидат објавувани и книгите на нови македонски автори , што според Македоника ќе креира ново писателско јадро „со нови форми за пишување и објавување на дела за кои издавачите немаат комерцијален интерес“.

„Создавање и развивање на најголема е-библиотека на македонски јазик – Книготека. Поставување на веб-сајт со БЕСПЛАТНИ е-книги каде за прв пат во историјата на едно место ќе се најдат најголемот број на дела напишани од македонски автори. Преку овој портал книгите ќе можат да се читаат на десктоп компјутер, лаптоп, таблети… На ова место ќе се објавуваат како актуелни книги, така и реобјавени дела кои веќе не постојат или ги нема во книжарниците и библиотеките а се од непроценлива важност за нацијата“, посочуваат од Фондацијата, објави It.com.mk.

Со регистрација, поставените книги веќе можат бесплатно да се читаат на сајтот.