ФОН: Систем за стипендирање на мастер студии

ФОН: Систем за стипендирање на мастер студииУниверзитетот ФОН во соработка со македонските компании ја проширува кампањата за општествена одговорност и инвестирање во квалитет во високото образование.

Годинешнава кампања по втор пат е насочена кон стипендирање на најдобрите за вториот циклус на студии односно специјалистички и мастер студии. Изминатата година ФОН стипендираше 1200 кандидати за втор циклус на студии.

Право на аплицирање имаат студентите од сите универзитети во Република Македонија кои ги завршиле додипломските студии. Апликантите ќе бидат тестирани на две нивоа. Најпрво ќе бидат тестирани со стручен тест/есеј од областа на факултетот за чии специјалистички/мастер студии аплицирале, а потоа истите ќе бидат повикани на интервју. Дополнителни поени ќе носи просекот од академските студии, дополнителна активност во текот на студиите како што се: сертификати, обуки и ангажмани.

Стипендистите ќе бидат водени низ посебен менторски систем кој ќе подразбира постојана комуникација со академските координатори, ќе имаат предност да заминат на платен Еразмус во некој од 3.500 универзитети низ Европа, а по завршувањето на студиите ќе имаат приоритет за вработување. Аплицирањето се врши преку следниов линк.

По завршувањето на периодот на аплицирање, апликантите ќе добијат инструкции од своите назначени ментори.

Апликантите можат да се користат и со посебната група на Фејсбук, која е креирана за апликантите кои оваа година аплицираат за специјалистички и мастер стипендии и ќе се користи за прашања, одговори и општа комуникација со апликантите во текот на целиот процес.