Фолтин, Тома Дитрон и композицијата „Кога го бркаме волкот“ на Празникот на музиката во недела

Како секоја година, и годинава Празникот на музиката ќе се одржи на 21 јуни, недела, но во поинакви услови.

Организатори се Францускиот институт во Скопје и Француските алијанси во Тетово и во Битола со поддршка на фестивалот Скопско лето.

Музичката средба ќе може да се проследи од дома, а во нејзини рамки ќе може да се слушнат фракофонски песни во изведба на Фолтин, концерт на Тома Дитрон и композицијата „Кога го бркаме волкот“ на младиот композитор Ерван Шандон, во изведба на музичкиот оркестар ФАМЕ’С.

„Нема ништо поубаво од музиката за да ни почне летото“, стои во најавата.

Онлајн настанот ќе започне во 19 часот.