Флеш моб во Скопје – Младите ја одбележаа неделата против расизмот

Флеш Моб во центарот на Скопје проследен со дискусија на тема „Расизмот низ Европа” беше начинот на кој волонтерите од Центарот за младински активизам – Крик заедно со група млади ентузијасти ја одбележaа неделата против расизмот.

Флеш моб во Скопје - Младите ја одбележаа неделата против расизмот

Под мотото „We All Fit Together” и „ See The Person Not The Colour ” со обени лица симолизирајќи ги расите на светот, кратка претстава како вовед во флеш мобот и танцот на улица Македонија, младите на интересен начин им го привлекоа вниманието на минувачите, а потоа ги воведоа во дискусијата која беше дел од настанот поддржан од UNITED мрежата.

Секоја година „Неделата против расизмот” е координирана од страна на United мрежата чија цел е ставање крај на расизмот, дискриминацијата и нетолеранцијата низ Европа.

Центар за младински активизам – КРИК е организација на младински работници кои работат со младите на нивно едуцирање, подигање на совеста,  зајакнување на капацитетите како и мотивација и поддшка за слободно изразување и дејствување. Во рамки на програмите за дејствување на КРИК спаѓаат активности од областа на социјална инклузија на маргинализирани лица, покревање на еколошка совест и младински активизам.