Со флеш моб тетовци ќе го одбележат 14-ти февруари – меѓународниот ден за борба против насилство врз жените

Како и минатата година, така и овој 14-ти Февруари на иницијатива од шестте невладини организации Женски Форум, ЛГБТ, Младински образовен форум, Сонце, ЦЕД и Милениум ќе  се одбележи меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките, јавува МладиТе.

V Day е глобално активистичко движење кое секоја година се организира во голем број на земји во светот се со цел да се организираат настани за подигнување на јавната свест кај жените за семејното насилство и за борбата против насилството.

Во Тетово веќе започнаа подготовките за финалниот овогодишен настан. Наредната проба ќе биде во понеделник, 9-ти февруари со почеток во 19:00 часот. Вежбите ги подготвува и реализира Бранкица Серафимовска, професионален зумба инструктор од Тетово. Оттаму се повикуваат сите заинтересирани дека може да се приклучат кон настанот.

Финалниот настан ќе  се одржи на 14-ти Февруари на плоштадот „Илирија“ во Тетово со почеток во 12:00 часот.