„Fire of Anatolia“ најавува спектакуларно шоу во Скопје

Танцовата атракција „Fire of Anatolia“ ќе гостува во Скопје на 12 март во Вип Арената Борис Трајковски.

Основен концепт на „Fire of Anatolia“ е спојот на цивилизациите и универзалните пораки за мир. Нивниот настап комбинира фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц.

„Fire of Anatolia“, со потекло од митолошката и културната историја на Анадолија, е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија. Проектот кој екреиран од Мустафа Ердоганима цел да го претстави „Огнот на Анадолија” на целиот свет, кој се заснова на идејата за комбинирање на концептот на “мирот” со културниот и историски мозаик на Анадолија илјада години наназад.

„Fire of Anatolia“ ја започнува својата прва светска турнеја во 2002 година од Нов Зеланд па до Америка, од Сибир до Бахреин, од Оман до Јужна Кореја, исто така и во: Германија, Франција, Холандија, Шпанија, Италија, Белгија, Карибите, Мексико, Русија, Кина. Од Нов Зеланд до Америка, од Сибир до Бахреин. Шоуто било гледано од 40 милиони гледачи во 4.000 изведби во 98 земји (во повеќето земји имало и повеќе од еден настап).

Танцовата група остави голем белег на големите настани што се одржуваат во Турција, како што се: Евровизискиот натпревар 2004, Формула I Истанбул Гран При 2005, İzmir Universiade 2005, ФИБА Светско првенство во кошарка 2010, церемонијата на отворање и затворање на Универзијадата 2011 Ерзурум Зимски Игри и церемонијата на отворање на Европскиот олимписки фестивал „Трабзон 2011″. Покрај тоа, компанијата има настапувано и на глобално познатите настани како Формула 1 во Бахреин, на 15-тите Азиски Олимписки игри во Катар, Олимпијадата во Пекинг 2008 во Кина, Експо Сарагоса 2008 во Шпанија, ITB Berlin Tourism Exhibition, Expo Hannover во Германија, Шангај Експо 2010 Изложба за туризам во Кина и 2012 Expo Yeousu Tourism Exhibition.