Финската претстава „Сауна“ вечерва во кино Фросина

Вечерва (30 октомври), во рамки на Меѓународниот театарски „Скупи фестивал 2015“ во кино Фросина, со почеток во 20 часот ќе се прикаже претставата „Сауна“ на финскиот театар од Хелсинки „Метаморфозис“.

Претставата е во режија Соиле Макела и зборува за сауната како место на раѓање и смрт, размислување и чистење во времетраење од 45 минути.

„Сауна“ и го носи на публиката магичното искуство на финската сауна. Камењата на печката се чини дека дишат и оживуваат, како што се материјализира животниот циклус на жената. Духовното и телесното се сплотуваат во нејзината интимна приказна и фантазии. Незапирливите промени исковани од времето се прифаќаат и слават. Оваа нема приказна на маски и предмети е придружувана од оригинална музика, се вели во описот на претставата.