Финска ќе го тестира основното примање за секој граѓанин од јануари

Кела, Институцијата за социјална заштита на Финска, на 14 декември објавила дека финскиот парламент официјално го прифаќа предлогот за давање на основно примање на секој жител на државата. Сега објавија и дека ќе започнат со експериментот од 1 јануари 2017.

Финското Министерство за социјална работа и здравство го подготви предлогот во август. Предлогот предизвика контроверзии, делумно поради малата количина на основното примање (560 евра), но и поради изборот на популацијата на која ќе го тестираатекспериментот – примателите на социјална помош.

Сепак, основниот дизајн на експериментот останува непроменет: 2000 жители по случаен избор, кои припаѓаат на најранливите социјални групи, ќе добиваат неповратно основно примање од 560 евра месечно, по период од две години.

Основната цел на експериментот е да се открие дали безусловното основно примање ќе промовира раст на вработувањето. Тимот кој го спроведува експериментот ќе спореди дали стапката на вработување кај примателите  ќе се намали во однос на оние кои ќе продолжат да примаат социјална помош.

Учесниците ќе бидат изберени по компјутерски алгоритам и случајно, ќе бидат контактирани кон крајот на декември, и ќе немаат можност да одбијат да учествуваат. Првите исплати ќе бидат направени на 9 јануари 2017.