Финк на „Д Фестивал 2018“ во Дојран

Талентираниот и страстен англиски кантавтор Финк придружуван од својот бенд ќе настапи летово на „Д Фестивал 2018“ во Дојран.

Според најавите од „Пасворд продукција, Финк на главната бина ќе го претстави новиот албум „Resurgam“ и „инспиративната музика преполна со искрени емоции преточени во квалитетен блуз/инди-рок звук“.

Инаку, „Д Фестивал“ летово ќе се одржува од 6 до 8 јули.

„Три дена резервирани за фестивалската слобода, илјадници пријатели, +100 изведувачи и гости, 4 бини, камп и еден куп случувања во најпозитивната атмосфера на единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија!“, најавуваат од „Пасворд продукција“.

Досега на фестивалот е најавен македонскиот композитор и продуцент со меѓународна кариера, Дуке Бојаџиев. По неколку години отсуство од клупската сцена, Дуке доаѓа од Њујорк со новиот електро-акустичен материјал „New York p.m.“ – фузија од неговата клупска и филмска музика.

„8-ми јули во Дојран – ексклузивна можност премирно да го слушнеме новиот материјал во изведба на Дуке со електронски сет, придружуван од гудачки квартет“, се вели во најавата за фестивалот.