За 10 години, просечниот месечен придонес за здравствено осигурување пораснал за 38%, велат од Finance Think, презентирајќи инфографик.
Просечниот земјоделец плаќа најмалку, а користи најмногу од здравственото осигурување, додека просечниот вработен плаќа повеќе од она што користи.
Просечниот месечен трошок платен од сопствен џеб се зголемил за 37% во последните 10 години.