Финалисти за европски музички фестивали за 2014

Со 1,2 милиони гласачи повеќе од минатата година или 100 проценти поголем број на фанови кои гласале за својот омилен музички фестивал се прогласени најдобрите европски музички фестивали за оваа година.

Прогласени најдобрите европски музички фестивали за 2014

Во категоријата за најдобар голем европски фестивал меѓу останатите се најдоа чешкиот „Colors of Ostrava“, унгарскиот „Sziget“ фестивал, но и српскиот „EXIT“. Во финалето на изборот за најдобар среден европски фестивал влегоа полскиот „Audioriver“, словачкиот „Pohoda Festival “, унгарскиот „Volt Festival“, шведскиот „Way Out West“.

Во меѓувреме се гласа и за наградите за најдобар мал фестивал, за најдобар нов фестивал и за најдобар фестивал во затворен простор.

За ова признание се натпреваруваат повеќе од 35 европски држави каде преку јавно гласање се гласа за најдобар голем, среден, мал, нов и во затворен простор фестивал. На натпреварот се избира и ѕвезда на годината, најдобар дебитант и химна на годината.

Победниците ќе бидат јавно претставени на гала церемонијата на European Festival Awards на 14 јануари 2015 година во Гронинген, Холандија.

На финалната листата за најдобри европски фестивали не се најде ниту еден македонски фестивал.

Целата листа на финалисти може да се види на овој линк.