Финален натпревар „Ослободи ја идејата“ во недела во Кино Култура

Натпреварот „Ослободи ја идејата“, во организација на Здружението на граѓани „Младите можат“, ќе се одржи во недела (14-ти мај) во Кино Култура, со почеток во 13 часот.

Шест тима финалисти ќе имаат можност да ги претстават своите идеи пред публиката и жири-комисијата и да ги убедат за релевантноста, креативноста и иновативноста на понуденото решение за проблемите кои тие ги лоцирале.

Дополнително, присутните ќе имаат можност да ги слушнат приказните за граѓански акции на двајца млади успешни говорници, чија цел е да им укажат на присутните дека со упорност, посветеност и јасна визија, активизмот секогаш придонесува кон општествени промени и подобрувања.

Сите присутни на настанот ќе имаат можност да гласаат за една од шесте финални идеи која најмногу им се допаѓа, и со тоа индиректно да влијаат врз креирањето на позитивните промени во нашето општество.

Победничкиот тим ќе добие поддршка од Младите можат за реализација на идејата. Настанот е поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.