Финале на средношколскиот настан „Ние сме најдобри“ во сабота

Во сабота во Универзална сала ќе се одржи финалниот перформанс од проектната иницијатива „Ние сме најдобри“ на која средношколци од скопските училишта ќе се натпреваруваат и ќе ги претстават и своите креативни сценски настапи, а жири комисијата ке ги прогласи најдобрите по категорија.

На фестивалот средношколците се натпреваруваат по пријавените категории – музика, театар, мода, танц, филм и фотографија, при што 70 средношколски тимови од 17 скопски средни училишта ги подготвија своите уметнички производи со помош на своите професор – ментор координатори.  Средношколците-учесници имаат задача да креираат уметнички производи кои се инспирирани од културата на ненасилство, но и здравата и чиста околина.

DSC_0426

Целта на иницијативата е да им даде можност на сите посветени ученици кои сакаат да учат и да работат тимски, да стекнуваат знаења и вештини, да бидат креативни, а притоа да бидат од корист и на другите и на заедницата во која живеат, посочуваат организаторите.

Настанот се организира од Градот Скопје, Универзалната Сала – Скопје и НВО Центар за креативен развој – Скопје, е поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.