Филозофскиот факултет на УКИМ одбележува 100 години постоење

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“ е насловена конференцијата со која ќе се одбележат 100 години од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје. Ќе се одржува утре и задутре, а официјалното отворање е вечер од 18 часот на терасата на хотел „Дрим“ во Струга.

Академик Вера Битракова-Грозданова од МАНУ на отворањето ќе одржи почесно предавање „Ќиро Трухелка како професор на Филозофскиот факултет во Скопје во неговите почетоци“.

Во наредните два дена на конференцијата ќе се одржат панелни и ЗУМ-сесии со излагања на учесниците од областа на општествените и хуманистичките науки.

Од Организацискиот одбор соопштија дека конференцијата ќе се одржи според протоколите и мерките за безбедност.