Филмската академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ и Филозофското друштво на Македонија организираат филозофски филмски фестивал во Штип. Фестивалот традиционално се одржува во Скопје, а годинава како поддржувач се јави и Универзитетот „Гоце Делчев“, па како резултат на таа соработка дел од филмовите ќе се прикажуваат и во Штип.
Распоредот за прикажување е следниот:
19 април (среда) со почеток од 19.00 часот, [Мултимедијален центар на УГД]
РАСПАРЧЕН ИЗГЛЕД (Shattered Visage, 2017), реж. Марио Петковски (МК), 12 мин. (Студентски филм изработен во рамките на 7. Филозофски Филмски Фестивал)
СОФИЈА (Zsofika, 2014), реж. Maxime-Claude L’Écuyer (CA), 15 мин. Награда за најдобар краткометражен филм според жирито на ФФФ 2017
СЀ ЗА ЛУЃЕТО (All About People. 2016), реж. Giorgi Abashishvili (GE), 72 мин. Награда за најдобар долгометражен филм според жирито и публиката на ФФФ 2017.
20 април (четврток) со почеток од 19.00 часот, [Свечена сала на Правен факултет – УГД]
ЗУЕЊЕТО НА БУМБАРОТ (The Buzzing of a Bumblebee, 2015), реж. Vladimir Beldian (RU), 28 мин.
ПРОЛЕТНА ПОПЛАВА (Spring Flood, 2015), реж. Jeannice Adriaansens (BE), 27 мин. Награда за најдобар кракометражен филм според публиката на ФФФ 2017.
ЛИМБО (Limbo, 2016), реж. Konstantina Kotzamani (GR), 29 мин. Специјално признание од жирито на ФФФ 2017.
Влезот за сите проекции е бесплатен, а поканети се сите заинтересирани да присуствуваат на проекциите. Детали за филмскиот фестивал можат да се најдат на линкот: www.philosophicalfilmfestival.mk.