Филмска вечер и дискусија на студентите од Филолошки факултет

Во петок (1 мај) од 21 часот Факултетското студентско собрание на Филолошкиот факултет организира „Happy Hour Talks: Movie Night“ – филмска вечер и дискусија за корејскиот филм „Паразит“.

„Придружете ни се на онлајн дискусија, пијачка по наш предлог (изборот е Ваш) и ‘Parasite’ (Паразит) пофален и изоговаран од наша и ваша перспектива. Zoom ти е веќе познат, па одиме на сигурно и единствена твоја обврска е до петок (ако веќе го немаш) да го изгледаш и да ни се приклучиш на лабав ‘happy hour talk’ во придружба на добро расположение и брз интернет“, се вели во соопштението на Факултетското студентско собрание.

Повеќе информации за онлајн настанот тука.