Филмови на Форман, Фон Триер и Женскиот младински хор при МКЦ вечерва на Синедејс

На програмата на четвртиот ден од Филмскиот фестивал Синедејс вечерва од 20 часот во Кино Милениум ќе биде прикажан филмот „Студена Војна“ на Павел Павликовски, а во 22 часот „Куќата што ја изгради Џек“, на режисерот Ларс Фон Триер.

На програмата во Кино Фросина вечерва се три филмови: „Скршено“ на Емонт Будина од 19 часот, краткиот филм „Црни и криви“ на Марко Џамбазоски од 21 часот и „You`ll never walk alone“ на Андре Шафер од 21 и 15 часот.

Сцена од „You’ll never walk alone“

Во Џебното кино на МКЦ програмата вечерва започнува со филмот „Насмевка“ на Стефен Кох, а од 22 часот „Аудиција“ на Милош Форман.

За крајот на денешната програма, во 23 часот во денсинг салата на МКЦ ќе се одржи концертот „JazzToVoice“, на женскиот младински хор при МКЦ под раководство на Сашо Татарчевски, како дел од програмата Синемјузик. Влезот на концертот е бесплатен за посетителите.

Женскиот младински хор при МКЦ

Како гости на концертот учествуваат Кирил Туфекчиевски на контрабас, Гордан Спасовски на пијано и Виктор Филиповски на сет тапани, како и Ален Хаџи-Стефанов кој ќе го води концертот и ќе има краток осврт кон секоја од композициите. Според маестро Татарчевски, аранжманите за познатите џез стандарди кои ќе бидат изведени се направени од најдобрите светски аранжери за овој тип на музика. На програмата се следните наслови “The nearness of you”, “Isn`t it romantic”, “Charade”, “Skylark”, “Stormy weather”, “As time goes by”, “Mona Lisa”, “Love is here to stay”, “Autumn leaves”, “All the things you are” и “Bim-bom” од композиторски имиња како Џорџ Гершвин, Џероум Керн, Ричард Роџерс, Хенри Мансини, Џеј Ливингстон и други.

Целата денешна програма на Синедејс и повеќе детали за филмовите ОВДЕ.