Филмот „Викторија“ вечерва во Кинотека на Македонија

Дебито „Викторија“ на Себастијан Шипер, кој на Берлинскиот фестивал доби награда за уметнички придонес во поглед на употребата на камерата, вечерва од 20 часот ќе се прикажува во Кинотека на Македонија, во организација на Гете-интститутот Скопје.

„Викторија“ е снимен во еден кадар, без ниту еден рез. Се работи за возбудлив трилер со долг вовед, чии ликови ќе се најдат пред едно сосем неочекувано искушение,

Филмот ги води гледачите во една своевидна авантура – без многу размислување се впуштаат неколку млади момчиња и една млада Шпанка во авантурите на Берлинската ноќ.

„Пред еден клуб, Виктоија се запознава со четири момчиња и брзо започнуваат разговор. Еден од нив и Викторија си се допаѓаат и при првата прилика се одвојуваат од групата. Нивниот флерт набрзо е прекинат од другите, бидејќи за остатокот од дружината ноќта не е ниту започната. Дружината планира грабеж на банка, а Викторија исто така треба да учествува. Одеднаш играта се менува на полошо и настаните се развиваат во вистинска драма“, се вели во најавата за филмот.