Филмот „Дванаесет години ропство“ ја доби наградата „Независен дух“

Филмот „12 години ропство“ очекувано стана голем победник на церемонијата на врачување на наградите „Независен дух“, пренесоа американските медиуми.

Филмот „Дванаесет години ропство“ ја доби наградата „Независен дух“

Филмот освои пет награди, а меѓу нив и наградата за најдобар филм.

Филмот доби награди за најдобар режисер – Стив Мекквин, за најдобра актерка во споредна улога, Лупита Нионго, за најдобро сценарио, Џон Ридли и за најдобар организатор – Шон Бобит, пренесе МИА.

Во останатите категории наградите беа распределени како што и се очекуваше – за најдобар актер беше прогласен Метју Мекконахи за „Даласкиот клуб на купувачи“, најдобра актерка е Кејт Бланшет за „Синиот Јасмин“, додека најдобар актер во споредна улога е Џарет Лето за „Даласкиот клуб на купувачи“.

Во категоријата најдобар филм изненадувачки е награден „Животот на Адел“ на Абделатиф Кешиш, кој се наметна над големиот фаворит, италијанскиот „Големата убавина“ на Паоло Сорентино.

Сите наградени филмови и актери вечерва ќе се борат и за наградата Оскар во соодветните категории.

Наградите „Независен дух“ се најголемата американска награда за независното кино.