Филмот „Алерик“ на Вук Митевски доби две награди во Германија

Македонскиот анимиран филм „Алерик“ на режисерот Вук Митевски доби две награди на филмски фестивал во Германија, соопштуваат од продукцијата Митевски.

Филмот ја освои наградата од публиката на филмскиот фестивал во Дизелдорф, откако претходно филмот ја доби главната награда од жирито на фестивалот XXS во Дортмунд.

Овој месец, „Алерик“ ќе учествува и на фестивалот Eastern Neihbours во Хаг како и на специјализираниот фестивал за анимиран филм Animatek во Љубљана.

Во филмот се зборува за 16-годишно момче кое живее со својот дедо во земја во војна. Кога неговиот дедо ќе го изгуби својот живот поради напад на бомба, Алерик е воден од желбата за одмазда.