Филм за Ингмар Бергман и разговор со режисерот Хинек Палас во Кинотека

Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, во недела од 18 часот во Кинотека на Македонија, премиерно ќе го прикаже шведскиот документарен филм „Навлегувајќи во Бергман“, со гостување на еден од режисерите, Хинек Палас.

„Навлегувајќи во Бергман“ е документарен филм кој фрла светлина врз животот и карактерот на прочуениот шведски режисер Ингмар Бергман раскажан од врвни филмски режисери и актери, како Френсис Форд Копола, Мартин Скорсезе, Анг Ли, Роберт де Ниро, Холи Хантер, и многу други.

Преку овој документарен филм за првпат може да се ѕирне во домот на Бергман на неговиот имот на островот Фору, кој со години е чуван далеку од очите на јавноста. Неговиот дом на овој остров ужива своевиден мистичен статус кај филмаџиите. Некои од нив дури го нарекуваат Мека,односно Ватикан,  други пак дури и се плашат од неговата долга тесна куќа во близина на плажата Персона. Дел од режисерите и актерите своите приказни за „демонскиот“ режисер и неговите филмови ги раскажуваат токму таму, во Бергмановото засолниште.

Влезот е бесплатен, но поради ограничениот број на седишта, потребно е да се резервира на на 02/3065968 (во текот на викендот само по 17 часот).