Филипинскиот претседател се спореди себеси со Хитлер

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте јавно изјави дека се гледа себеси како Хитлер, кажувајќи погрешен број на убиени Евреи за време на Холокаустот и споредувајќи ја статистиката со бројот на зависници од дрога.

За време на говор во Давао, Дутерте го одбрани своето крваво разбивање на корисниците на дрога и дилерите, во кое од јуни до денес животот го изгубија повеќе од 3000 луѓе.

„Хитлер масакрираше три милиони Евреи… Има три милиони зависници од дрога. Би бил среќен да ги убијам“, изјавил пред новинарите.

Еврејските лидери го нарекоа коментарот „неверојатно нечовечен“ и „непристоен и длабоко навредлив“.

Дутерте е познат по неговата неодамнешна популистичка кампања за справување со наркокриминал.

На почетокот на септември, го предупреди Обама да не го прашува за „вонредни убиства“ во Филипините, бидејќи инаку ќе има проблем со него. Притоа, ја искористи фразата „путанг ина“, што на филипински значи „твојата мајка е к***а“.

Освен тоа, навредливо е што бројките кои претседателот ги користи во својот говор не се точни.

Хитлер масакрирал шест милиони Евреи за време на Холокаустот. Бројот на корисници на дрога во Филипините е поблизу до 1,8 милиони, што е само 1,8 посто од вкупнотио население, според локалните медиуми.

„Ваквите изјави се одвратни, а претседателот Дутерте мора да ги повлече и да се извини“, изјави претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Роналд С. Лаудер.

„Користењето на дрога е сериозен проблем. Но, она што претседателот го изјави не само што е нечовечно, туку покажува и застрашувачка непочит за човечкиот живот, што е навистина тажно за демократски избран лидер на голема држава“.