Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека изминативе 24 часа се регистрирани нови 103 случаи на заразени со коронавирусот, од вкупно 841 тестирање на вирусот. Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 46, по што следуваат Тетово – 17, Струга – 9, Куманово, Штип и Ресен по 6 лица, Велес и Охрид по 3, Прилеп – 2 и Кавадарци, Гостивар, Струмица, Свети Николе и Битола по еден случај.
Изминатото деноноќие од вирусот починале пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.
Истовремено регистирани се и 13 оздравени пациенти. Десет од Скопје, два од Прилеп и едно лице од Тетово.
„Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241“, соопшти Филипче.