Филхармонијата ќе свири француски шансони за „Денот на вљубените“

Вечерва, со почеток од 20 часот, во Македонската опера и балет ќе се одржи симфонискиот концерт „Париз те сакам“.

На концертот на Македонската филхармонија ќе бидат отсвирени избрани француски шансони по повод Денот на вљубените. Во изборот се опфатени популарни песни отпеани од Едит Пјаф, Ив Монтан, Жо Дасин, Мишел Легранд…

На концертот како вокалист ќе настапи унгарската џез вокалистка со меѓународна кариера, Миртил, диригент е Борјан Цанев, оркестрациите се на Емин Џијан, а режијата е на Дејан Прошев. На сцената поезија од францускиот поет Жак Превер ќе чита актерот Васил Зафирчев.