Фиџи е прва земја во светот која го ратификуваше договорот од Париз

Островската држава Фиџи изминатиот викенд стана првата држава која го ратификуваше договорот напишан на Глобалната конференцијата за климатски промени во Париз, на кој во декември се согласија 195 земји.

Парламентот на Фиџи едногласно се согласи да го ратификува договорот, на предлог на генералниот правобранител, Aiyaz Sayed Khaiyum. Според него, справувањето со климатските промени е најголем приоритет на архипелагот, кој може да се соочи со големи поплави, пожестоки тропски бури и намалување на популацијата на риби, како резултат на глобалните климатски промени.

За формално да стапи на сила, договорот од Париз треба да биде ратификуван од најмалку 55 земји, кои претставуваат околу 55 посто од светската емисија на штетни гасови.

Според националниот климатски план на Фиџи, земјата треба да генерира 100 посто од електричната енергија која ја користи од обновливи избори, до 2030 година. Државата вети и дека сосема ќе ги елиминира емисиите на штетни гасови од енергетскиот сектор за 30 посто до 2030 година, под услов да добива средства за имплементација на тој план од индустријализираните земји.

Извор: Guardian