Фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ по петти пат пред МКЦ

Петтото, мини јубилејно издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“, ќе се одржи во недела (7 јуни) со целодневна порграма, на три сцени.

Фестивалот ќе започнува од 12 часот на пладне, со целодневен музички пикник пред МКЦ. Фестивалот ќе го отвори харизматичниот Lepi Xhoni, кој ќе го претстави новото EP. Следуваат Surtukler, директно од културниот центар „Кула“, една од најсветлите точки во културното сивило во градот. RIB e нов проект на екипата од бендот СИЗ, промоција на албумот “Something completley different”, кој ќе биде издаден кон крајот на мај, а RIB за првпат ќе се претстават пред скопската публика.

Во секцијата #throwback регионално/домашно или најдоброто од минатите четири изданија на Здраво Млади, е најавено домашно/регионално дуо ТИ. Со тазе албум, излезен на 27-ми април, Трајче и Илија секогаш интересни и возбудливи за слушање и гледање.

За крај на првиот дел од програмата „Добри људи“, Conquering Lion од Тетово. Веќе 8 години на сцената, со стотици концерти зад себе, десетици европски турнеи… за првпат на Здраво Млади…

Во вториот блок на програмата специјален „+++“ showcase и промоција, презентирана од белградскиот Dis-patch колектив. Настап на двајцата иницијатори Moodswinger и Kir, ќе пренесат дел од „+++“ инскуство со настап во живо и DJ set! Реља и Бане ќе бидат тука да споделат искуства за нивниот најнов community-based DIY настан насловен „+++“.

Третиот блок започнува со хрватското музичко торнадо, наречено Vlasta Popic. Ова експлозивно трио го промовира последниот албум “Kvadrat”, издаден за братскиот Moonlee Records. „По нив, бендот на којшто тешко дека ќе му го запомните името, но сигурни сме дека ќе ви остави огромен впечаток, швајцарското комбо Orchestra Tout Puissant Marcel Duchamp. Artan Lili најверојатно го имаат најголемиот хит на екс-ЈУ просторите, па да не претераме, можеби и во последната деценија – „Ако станемо ту“ е сеприсутна и заразна, но да не ги запоставиме и другите хитови што ги има овој бенд, како „Џони“, „Срце“… За Канаѓаните METZ спремете се психофизички. Новиот албум насловен METZ II, излегува на 04-ти мај за култната SubPop, „дерат“ во живо!

Во #throwback интернационално, или тоа што ни оставило впечаток од минатите 4 изданија, а е и повеќе од концерт, дури и пријателство и љубов кон Скопје и Здраво Млади – Prinzhorn Dance School. Издаваат нов албум што се вика Home Economics, повторно за DFA и почестени сме што светската премиера на албумот ќе ја имаат токму на Здраво Млади, а веќе на 08-ми јуни, ден по Здраво Млади, албумот го промовираат и во Англија. Или што би рекле тие во последниот прес рилис: …plenty more live shows coming this year, starting in june with one of our favourite festivals – zdravo mladi in skopje, macedonia. then straight back for our uk tour!

Со огромна возбуда и нетрпение очекуваме да ја видиме и слушнеме новата „инкарнација“ на еден од најзначајните бендови во историјата на македонската музика, единствените BERNAYS PROPAGANDA! За затворање на фестивалот, за првпат во Скопје, музичкиот гуру GONJASUFI. Не ни преостанува ништо друго туку да ве поканиме на 07-ми јуни (недела) да го поминете денот пред МКЦ. Веќе 4 години, концептот на поставеност на сцените се менува. Оваа година, исто така со нов концепт и нова енергија, со пропратна јуниор-програма, штандови за храна и течности…“, се вели во најавата за настанот.